Seminarski i Diplomski Rad

Kabelska televizija (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 14 | Nivo: Elektro fakultet

СОДРЖИНА
Вовед
Под терминот кабелска телевизија се подразбира широкопојасен преносен систем, кој по пат на кабел пренесува поголем број на телевизиски и радио програми до корисникот. Почетоците на кабелската телевизија датираат уште од раните 50-ти години во Америка. Првите системи пренесувале неколку телевизиски канали преку кабелска мрежа до поедини домакинства, а се користеле на места каде што бил оневозможен приемна телевизиски сигнал со задоволувачки квалитет, најчесто поради некои препреки на теренот, некои влијанија од високи објекти кои предезвикале рефлексија (одбивање) на сигналот и сл. На местата погодни за прием на сигнал се поставувале антенски системи, а приемниот радио и телевизиски сигнал после обработката во главната станица се дистрибуирал преку кабелска мрежа до поедините домаќинства. На сличен начин е решен и приемот на радио и телевизиски програми во стамбените објекти со поголем број на станови. Бил поставен заеднички антенски систем за целата зграда, и е овозможен квалитетен прием до сите станари, без потреба секој станар да има сопствен антенски систем, со што се допринесува и за естетскиот изглед на зградата. Заедничкиот антенски систем бил основа од кој се развиле системите за кабелска телевизија. Поврзувањето на повеќе згради, па дури и цели населби со помош на кабел од еден заеднички антенски систем, допридонело до развојот на кабелската телевизија. Приклучокот на системот за кабелска телевизија би требало да овозможи квалитетен прием на сите национални и регионални радио и телевизиски програми за кои постои доволна јачина на електро магнетното поле на местата на кои е поставен антенскиот систем. За употребата на системот за кабелска телевизија, корисниците плаќаат месечна претплата, за разлика од заедничкиот антенски состав кој се составен дел од инфраструктурата на стамбениот објект, па за нивната употреба нема потреба од надокнада. Концесионерите на кабелската телевизија, должни се да плаќаат годишна надокнада за обавување на услуги од областа на кабелската дистрибуција, врз основа на важечки подзаконски прописи кои одредуваат плаќање на некоја надокнада за извршувањето на телекомуникациските услуги, авторските права, како и надомест за дистрибуција на сателитските програми.
Градба на системот за кабелска телевизија
Основни делови на системот за кабелска телевизија се:
Приемен антенски систем
Главна станица
Кабелска мрежа за дистрибуција на сигналот
Приемниот антенски состав е важен дел од системот за кабелска телевизија, бидејки од неговата изведба зависи квалитетот на целокупниот систем. Врз основа на податоците за телевизиските канали кои се емитуваат преку предаватели лоцирани на одредени подрачја на земјата, и врз основа на јачината на електромагнетното поле, се одредува бројот и видот на приемните ангени. Во системот може да се дистрибуираат само оние сигнали чија јачина на електромагнетното поле е поголема на местото на приемот е поголема од минималните пропишани правила. За прием на секој поединечен телевизиски канал треба да се резервира посебна антена. За прием на сателитскиот сигнал се поставуваат параболични антени. Сигналите добиени од страна на приемниот антенски систем се пренесуваат со коаксиални кабли до главната станица, која најчесто се наоѓа во непосредна близина на антенскиот систем. На сликата 1 е прикажана блок шема на антенскиот систем и главната станица.

---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturski.org 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]

 

 

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!